Лоши вести за македонците со бугарски пасоши – Неколку адреси ќе се проверуваат

0

Електричната бандера која се наоѓа во селото близу Благоевград во Бугарија, е пријавена како адреса на дом на илјадници Македонци со бугарско државјанство и се тоа е дел од измамата организирана ширум Бугарија и измислена за продажба на сертификати за издавање на државјанства од оваа земја.

Тоа во интервју за „EUobzerver“ го тврди извидувачката Катја Матева, екс директорка на одделението задолжено за издавање на државјанства во бугарското Министерство за правосудство.

Матева вели дека првиот човек на тоа бугарско село, чие име не го открива, ја пријавил бандерата како адреса на Македонци кои во кеш платиле сертификати како би станале натурализирани бугарски државјани.

-Илјадници луѓе се пријавени на електрична бандера-наведува Матева.

Таа тврди дека дел од бугарската политичка елита имал корист од ова и го вперува прстот во вицепремиерот Красимир Каракачанов и челник на националистичката партија ВМРО Бугарско национално движење, која е малцински партнер во владата на Бојко Борисов.

Бриселскиот сајт објаснува дека Матева работела во бугарското министерство до 2016та и дека тврди оти добила отказ кога одбила да учествува во оваа измама.

Матева вели исплатите за лажни сертификати се извршувани во готовина на сред бел ден „на тротоарите пред институции во срцето на Софија“. Таа во претходно интервју, кое го дала за францускиот неделник „Обс“ изјавила дека по известувањето кое го добила од Интерпол отфрлила околу 60 такви пријави за натурализација на државјанство.

Бугарската полиција во октомври ги објави првите апсења во оваа афера кога директорот на Државната агенција за Бугари во странство, Стате Петар Харалампиев, е приведен со уште 20 осомничени.

Харалампиев се сомничи дека продал над илјадници лажни сертификати, кои покажуваат дека личноста која го поседува има бугарско потекло. Тие документи потоа се користени за добивање на бугарско државјанство.

Матева тврди дека и по овие апсења измамите не престанале и дека лажни сертификати се користат и понатаму за добивање државјанства. Таа проценува дека за 11 години, колку што таа ја вршела таа функција, најмалку 5000 луѓе кои немале никакво бугарско потекло секоја година успевале да дојдат до овој лажен сертификат.

Матева наведува дека исплатите варирале од 500 до 7 000 евра, зависно од тоа колку е имотна личноста која се обидува да го добие сертификатот.

Претходна статијаСе ближи и тој момент: Кире Лазаров за првпат откри кога ќе ја заврши кариерата
Следна статијаСо сопругот попрво ќе се разведам поради свекрвата, отколку ако да разберам дека ме изневерувал