Кире Лазаров, македонската ракометна легенда, неодамна потпиша договор нов договор со екипата на Нант до 2021 година.Овој договор ќе биде и последен во кариерата на Лазаров.
Како што самиот потврди во интервју за „Балкан Хендбол“ Лазаров после овој договор ќе стави крај на неговата блескава кариера.
„Ќе се обидам луѓето да ме паметат по добро, да не се сеќаваат дека сум се влечел по теренот. Мислам дека овие две години ќе бидат последни во мојата кариера.
Така и се договоривме со управата кога преговаравме за новиот договор. Од нивна страна тоа беше навистина коретно, им се случи и со Доминик кој ја заврши кариерата тука“, изјав помеѓу другото Лазаров.
Потоа тој зборуваше и за очекувањата за македонскиот ракомет после неговото пензионирање. Кире потенцираше дека очекува Македонија да остане силна и после неговото заминување.
„Јас многу дадов за Македонија, но и Македонија ми даде многу, секогаш ќе го почитувам тоа. Нам постојано ни се случуваат истите работи. Ние сме „сељачки” спорт, во фудбалот селекторот не може да води репрезентација и клуб.