Првиот снег во Скопје се очекува денеска

0

Најниска температура изутрина во седум часот е измерена во Берово, каде се регистрирани – 12 степени, по што следуваат Лазарополе со -9, Скопје Петровец и Маврово со – 8, Крива Паланка со – 7. Во Тетово, Битола, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Куманово и Крушево се измерени -6 степени, – 5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија и Дебар, – 4 во Претор и Виница, -3 во Охрид, 0 степени во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Ѓуриште има четири сантиметри снег, во Берово три, а во Попова Шапка два.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од снег главно со слаб интензитет. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне со услови за провејување на снег. Температурата до 2 степена.

УХМР најавува дека следува период на претежно облачно време со повремени врнежи со слаб, а на места и умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Утре слаби врнежи ќе има главно во претпладневните часови и ќе бидат претежно од снег.

Во сабота поради благо затоплување врнежите во пониските места ќе бидат од дожд, но во недела претпладне висината на снежната граница повторно ќе се намали, а врнежите ќе бидат со умерен интензитет.

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег со слаб, на места и умерен интензитет. Попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус три до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со слаби врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до два степени.

Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По оддели котлини ќе има појава на магла.

Претходна статијаЗа овие работи се верува дека ќе ве бие малер ако ги направите во 2019
Следна статијаАвстрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи