Познат идентитетот на настраданите кај Лесковац: Жена од Кочани и маж од Крушево

0

Идентификувани се две од трите лица кои загинаа во автобуската несреќа кај Лесковац. МНР добило потврда дека станува збор за 68 годишен маж од село Бучин, Крушево со иницијали В.Ш и 68 годишна жена од Кочани со иницијали К.К.

На двете лица, идентитетот им бил утврден од личните документи. Кај третата жртва не се пронајдени документи и сеуште нема потврда на нејзиниот идентитет.

Несреќата се случи кога автобус на струшката компанија Еуробус кој патувал од Битола за Виена излетал од патот, ја пробил заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Во животна опасност се уште 4 лица кои се пренесени во болницата во Ниш. Полесно се повредени 23 лица.

Мирсад Малагиќ од Итната помош во Лесковац вели дека добиле информација за голем број на повредени и на местото на несреќата веднаш испратиле два тима. „Откако ни беше јавено дека треба е потребна дополнителна помош, испративме уште три екипи“, објаснува Малагиќ. Од Ниш дојдоа уште пет лекарски екипи.

Пожарникарите ги ослободуваа повредените патници кои беа заглавени во автобусот. Две жени биле извлечени од под автобусот и се меѓу најтешко повредените кои се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш.

„Во врска со автобуската несреќа во Србија, за сега официјално од српските власти ја имаме добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Се чека на дополнителни инфорамции, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата. Веднаш штом ќе добиеме потврда од српските власти, ќе информираме.

Министерот за здравство Венко Филипче, Генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Република Македонија во Белград се упатени кон местото на несреќата“, соопштија од македонското МНР, пренесе Фокус.

Претходна статијаШоферот заспал според првите резултати од истрагата за превртениот автобус кај Лесковац
Следна статијаВозачот на автобусот се обидел да избегне автомобил поради што се излизгал од патот