Возачот на автобусот се обидел да избегне автомобил поради што се излизгал од патот

0

Автобусот на компанијата Еуробус од Струга, кој ноќеска во 1.45 часот се преврте на автопатот Скопје – Белград, кај Лесковац, Србија, при што настрадаа тројца патници, а повеќе се повредени, се обраќал на релација Битола – Виена.

Џитон Иштрефи, сопственик на компанијата Еуробус Струга, вели дека возилото техники било исправно. Додва дека нема се уште информации што точно се случило, но од разговорот со возачот бил информиран дека во критичните моменти се појавило патничко возило поради кое се случила несреќата.

Немам точни информации што точно се случило, бидејќи не знам ништо. Колку што знаете вие толку знам и јас. Се слушнав со возачот кој ми кажа дека коловозот бил лизгав, некој автомобил одненадеж се појавил од напред и тој изгубил контрола, само толку ми кажа. Во конттакт сме постојано со луѓето во Србија. Испративме друг автобус да ги преземе патниците, друго не знам. – истакна во кусиот телефонски разговор Иштрефи.

Во автобусот се превезувале 35 паници. Најголемиот дел од нив во моментот на несреќата спиеле, јави РТС. На повредените први помош им пружиле вработени од „Путеви Србије“ и возачи на други возила кои во моментот поминувале тука. Повредените се хоспитализирани во болницата во Лесковац.

Најновите податоци на српските медиуми за автобуската несреќа во Лесковац, говорат дека меѓу повредените четири лица се борат за живот.

Меѓу патниците било и деветгодишно детенце, за среќа поминало без повреди.

Меѓу патниците имало и бебе од година ипол, за среќа неповредено

Несреќата се случи во услови на снежно невреме, а истрагата треба да ги утврди причините за истата.

Претходна статијаПознат идентитетот на настраданите кај Лесковац: Жена од Кочани и маж од Крушево
Следна статијаГрадоначалник за пример: Митко Јанчев донираше прочистувачи за воздух во училиштата во Кавадарци