Родителите се спремни да работат се само за на децата да им обезбедат нормални услови за живот. Еден чистач на улици чесно си ја работел работата, но на децата никогаш не им кажал со што се занимава бидејќи не сакал да се срамат.
Одлучил да им напише писмо, а од овие зборови ќе ви потечат солзи.
-Никогаш на своите деца не им кажав што работам. Не сакав да се срамат од мене. Кога најмалата ќерка ме праша што работам и реков дека сум работник. Пред да дојдам дома се бањам во јавен тоалет за да нема знаци од работата што ја правам. Сакав моите ќерки да одат во школо да ги образувам. Сакав да бидат достоинствени пред луѓето. Никогаш не сакав некој да ги потценува како што прават со мене.
Луѓето секогаш ме понижуваа. Секој денар кој го заработував го вложував во образованието на своите ќерки. Никогаш не сум купил нова кошула туку парите ги давав за да им купам книги.
Почитта е се што сакав да имаат. Јас сум чистач. Ден пред последниот рок за пријава на ќерка ми на факултет, јас не можев да соберам пари за да плати школарина. Тој ден не можев да работам. Седев како ѓубре обидувајќи се да ги скријам солзите. Не можев да работам.
Моите колеги ме гледаа, но никој не кажа ни збор , ниту прозборе со мене. Бев скршен, со скршено срце и не знаев како ќе им кажам на ќерката дека немам пари за да плати кога се вратам дома. Роден сум сиромав.
Верував дека ништо добро не може да му се случи на сиромашен човек. По работно време сите чистачи дојдоа до мене, седнаа покрај мене и ме прашаа дали ги сметам за браќа. Пред да можам да одговорам, му ја ставија во раце својата дневница.
Кога одбив, сите ми кажаа: Ние денес ќе гладуваме колку што е потребно, но нашата ќерка мора да оди на факултет. Не можев да им одговорам. Тој ден не се избањав и си заминав дома како чистач. Мојата ќерка набрзо ќе заврши факултет.
Трите мои ќерки не ми дозволуваат повеќе да работам. Едната работи хонорарно, а трите имаат стипендии. Ќерката која работи оди често со мене на моето работно место и ги храни сите мои колеги и мене. Тие се смеат и ја прашуваат зошто го прави тоа и често ги храни. Таа им вели:
Сите вие тој ден гладувавте за јас да станам она што сум денес, направивте за мене толку многу, што јас можам да ве хранам секој ден.
Сега не чувствувам дека сум сиромав, кој и да има такви деца како може да биде тогаш сиромашен – заклучил храбриот човек.