По тужбата против Варошлија, водителката Елена Стефановска повторно на тапет во емисијата Мода

0

Изминатата недела ТВ водителката Елена Стефановска преку социјалните мрежи откри дека не остана воздржана на критиките на модниот гуру Сергеј Варошлија кој неколкупати го коментираше нејзиниот изглед во емисијата „Мода“ на 1ТВ.

Стафановска се обрати со Претставка до државниот орган кој ги регулира правата и односите во РТВ етерот – „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија“.

А претставката – еден вид жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.

Набргу, стига одговорот од Агенцијата, кој нејзината Претставка ја прифаќа како основана, па во истиот меѓу другото се вели:

„Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди…“!, а Стафановска по ова реши да се жели и по судски пат.

Оттогаш поминаа неколку дена, па во вчерашното и најново издание на емисијата „Мода“, Елена повторно се најде „на тапет“ кај Сергеј, но овој пат тој беше воздржан.

Дали беше воздржан за нејзината тужба или пак за стајлингот од фотографијата која ја избрал, знае самиот најдобро.

Поради неговиот неочекуван „едноминутен молк“ за водителката со која сериозно завојува, некои можеби помислија дека има проблеми со тонот од телевизијата.

Но, сепак не стануваше збор за технички проблем, туку молчење предизвикно од гласно почнатата војна која продолжува низ државните институции.

Имено, Сергеј „ќе ми пукне душата“ Варошлија, по се изгледа „ќе пукне“ пред законот, што би значело заедно со матичната „1ТВ“ и финансиски. Имено, познат како „пис на јазик“ кога е модата во прашање,Сергеј се’ почесто ги критикува и некои од познатите личности. Евидентно е дека на „мета за одстрел“ особено му се оние кои не си ја „имаат калимерата“ со него, неговите претпоставени, неговиот газда, телевизијата… или пак ја имаат „спукано“!

До душа, не дека не ги разбира работите или не е во право кога е модата во парашње… Напротив! Но, она што му забележуваат, му се лутат, а сега и го тужат е рeчникот, вокабуларот, изборот на зборови со кои им се обраќа, ги критикува, а тие велат и ги навредува, оние кои ги коментира… Водителката на емисијата „Живот со стил“, русокосата кумановка Елена Стефановска беше во неколку наврати „торпедирана“ со коментарите на Варошлија.

„…Изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани….“ – колку за пример, беше еден од коментарите на модниот гуру, нарекувајќи ја водителка на „живот без стил“.

Еднаш, двапати, трипати… и на Елена и „пукна филмот“. Првото што веројатно стручни лица ја поучиле да стори е да се обрати со Преставка до државниот орган кој ги регулира правата и односите во РТВ етерот – „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на ( се’ уште) Република Македонија“. А преставката – еден вид жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.

Извор: Вистина

Претходна статијаПравите голем грев – Домаќините никако не треба да ги прават овие работи за куќна слава
Следна статијаПлаќаат по 10.000 евра за невести од Албанија а кога ќе ги видат се разочаруваат