Плаќаат по 10.000 евра за невести од Албанија а кога ќе ги видат се разочаруваат

0

Околу две илјади постари македонски ергени последните пет-шест години својата среќа ја побараа во Албанија. Тоа им беше последната шанса да формираат свои семејства и да имаат деца, да не го завршат животот како самци. Повеќето од нив се оженија со млади Албанки и денес среќно живеат со нив.

Меѓу нив има професори, дипломирани правници, инженери. Речиси нема место во западниот дел на Македонија каде што нема да сретнете такви бракови. Во ист ден пет братучетки од околината на Скадар свија семејни гнезда во битолските села, а три сестри од Кашњец станаа македонски невести – едната се омажи во Македонски Брод, другата во Кичево, а третата во Самоков.

Вакви бракови најмногу има во прилепските села, во Битолско, Тетовско, Кичевско, Демирхисарско, Струшко, Бродско… Кој прв ја завлече ногата и реши да побара невеста кај нашиот западен сосед не се знае. Никој не знае да ја каже ниту точната бројка на младите Албанки што ги усреќија македонските ергени.

Некои ја споменуваат бројката од 1.000 до 1.500, други тврдат дека таа изнесува околу 2.000, а трети претпоставуваат дека е поголема и е близу 3.000. Но, едно се знае со сигурност, автобусот кој сообраќа на линија Тетово – Тирана и со кој повеќемина македонски ергени тргнаа и се’ уште патуваат по идните брачни сопатнички во Албанија им донесе многу среќа.

Без неколку илјади евра нема да може да со ожените, и да земете невеста од Албанија. Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за невести а не ги добиле.

Еден маж, кој сакал да остане анонимен, поради тоа што се срами, тврди дека дал 2.500 евра за невеста од Албанија која никогаш не ја видел.

-Би сакал да ги прдупредам сите кои ќе се одлучат на ваков чекор, да бидат многу вниметелни, за да не им се случи истото-предупредува овој човек -Многу од моите соселани се оженија со невести од Албанија и сите се многу големи домаќинки, па затоа најдов посредник за да го направи истото за мене.Надов посредник, кој побара 3000 евра за да му плати на семејството.

Му дадов само 2.500 евра зошто само толку имав, а остатокот требаше да ми го дадам откако ќе ја заврши работата.Ми донесе фотографија од потенцијалната невеста, ми се допадна па тргнавме да ја земеме.Кога отидовме таму нејзиното семејство, ми покажа друга девојка, која беше многу постара и очигледно со хендилеп, наводно девојката која јас ја избрав била кај некои роднини во друг град.Па се договоривме да одам пак за две недели- рекол тој

-Во меѓувреме ми се јави посредникот, и ми кажа дека семејството било многу навредено, и дека нема да ми дадат невеста, и нема да ми ги вратат парите, па ми бараше уште пари за да ми најде друга невеста, но несакав зошто веќе изгубив доверба во него- рекол човекот.

Друг маж пак дал 10.000 евра за невеста и патувал 8 пати до Албанија, а невеста сеуште нема.

Тој се сомнева дека ова е поврзан ланец на измама. Сакал да се обрати на Полицијата, но така би изгледало како да се работи за бело робје, па се предомислил.

Претходна статијаПо тужбата против Варошлија, водителката Елена Стефановска повторно на тапет во емисијата Мода
Следна статијаПредоцна сфатив е дека ти си мој љубовник но не и мој партнер