Македонската фолкерка во бикини – го покажа телото без фотошоп Фото

0

Австралиските времиња се спротивни од оние во северната хемисфера, односно од декември до февруари е лето, од март до мај е есен, од јуни до август е зима и од септември до ноември е пролет.

Естрадната фолк двојка Новица Василевски и Татјана Лазаревска заедно со своите два сина, веќе неколку години живеат во Австралија каде моментално им е лето.

Како ужива во топлите денови на плажа покажа Татјана која реши на своите следбеници на социјалните мрежи да им покаже провокативни фотографии на кои позира во бикини на џетски.

Пејачката полна со самодоверба, без комплекс го покажа своето тело иако не е во совршена форма.

Според приложеното Татјана се чувствува одлично во своја кожа, а тоа секако е најважно.

Инаку, до крајот на месец септември, пејачката беше во Македонија каде помина неколку месеци.

Јавните личности ретко се осудуваат да се покажат во јавност во природно издание, но тоа не е проблем за Лазаревска, која објави фотографија во кратките приказни на Инстаграм, па може слободно да истакнеме дека води грижа за сопствениот изглед.

Инаку, докажаните фолк-интерпретатори Татјана Лазаревска и Новица Василевски пред неколку години одлучија да ја напуштат земјата во која изградија кариера и отпочнаа ново животно поглавје на другата страна од светот, во Мелбурн, Австралија.

Претходна статијаАтрактивната Симона Поповска е жешка Баба Мразица во црвено фустанче (фото)
Следна статијаЛоши вести за сите нашинци во Швајцарија – Државата планира да ги одзема државјанствата на странци поради „лажни бракови“