На социјалната мрежа Редит една штотуку омажена девојка сподели случка од својата свадба и раскажа како ги избркала гостите оти бебето им плачело на свадбата.
„Иако во поканите нагласивме дека не сакаме деца на свадбата, тие го зедоа своето новороденче и другото дете кое има три години. За време на свеченоста цело време мислев на тоа и се надевав дека некој ќе дојде по децата пред веселбата. Но, тие двајца и таму се појавија со децата.
Бидејќи бебето веќе беше уплакано во црквата, а и другото дете се чинеше дека наскоро ќе заплаче, го испратив мојот свадбен организатор да види што им се намерите“, раскажува невестата.
Гостите се налутиле поради тој потег, па почнала расправија. Тогаш невестата решила самата да се справи со тоа.
„Ги потсетив дека на поканите јасно пишува дека не сакам деца на приемот. Жената ми се извини, а нејзиниот маж почна да се расправа со мојот сопруг. На крајот се изнервирав и им кажав дека мора да си одат“, пишува невестата во објавата.