(Фото) Александра и Зорица Заева на празнично патување во Германија

0

Александра, ќерката на премиерот Зоран Заев, е на патување во Франкфурт, Германија. Таа сподели фотографија и неколку видеа од празничната атмосфера во германскиот град, а го привлече вниманието и со стилот на облекување – жолтиот џемпер го искомбинирала со сив капут и сребрено ланче.

На социјалните мрежи коментираат дека Александра изгледа едноставно и модерно, а нејзините пријатели, пак, во коментари ѝ оставија срциња и бакнежи.

На својот Инстаграм профил, Александра објави фотографија со мајката, како уживаат во прошетките низ Франкфурт во божиќна атмосфера.

Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко. Премиерот и неговата сопруга на 30 септмеври годинава прославија 23 години брак.

Се познаваат уште од деца, а врската ја започнале во средно училиште.

„Нашата љубов прерасна во врска во средно училиште, а се знаеме од многу порано. Се венчавме во 1995 година“, изјави неодамна Зорица Заева.

Заеви живееле во исто маало, и се дружеле уште од времто на училишните екскурзии. Кога се венчале работеле во семејната фирма на Заев.

Претходна статијаОва е вистински херој: Штом слушнал за несреќата во Ниш, веднаш тргнал кон својата ќерка која била во автобусот
Следна статијаПромена на цената на горивата – се очекува ново поефтинување на бензините