Промена на цената на горивата – се очекува ново поефтинување на бензините

0

Пред скоро две недели Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Утре, напладне се очекува нова одлука, односно промена на цените на бензините.

При последната промена дизелот поевтини за 2,5 денари, а бензините за денар и половина.

Со тоа, ЕУРОСУПЕР 95 започна да се продава за 61,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98 за 63,5 денари за еден литар.

Дизелот се точи по 58.5 денари за еден литар.

Утре се очекува ново поевтинување, со оглед на тоа се намали цената на суровата нафта на светските берзи.

Во моментов, барел нафта на берзата во Лондон чини 55,3 долари. Тоа е скоро 4,5 долари пониско од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.

Претходна статија(Фото) Александра и Зорица Заева на празнично патување во Германија
Следна статијаНема никакво неверство ни развод – Јелена Карлеуша доби поклон вреден 2,5 милиони евра од својот сопруг Душко