Два пати се разведуваа и венчаваа-оваа жена Гидра ја сакаше до последен здив

Улогата во „Жикина династија“ му донесе епитет на женкар, но Драгомир Бојаниќ Гидра во приватниот живот бил далеку од тоа. Целиот живот бил вљубен во својата жена и постара колешка Љиљана Контиќ, а нивната врска била страствена и бурна.

Тие се запознале и почнале да се забавуваат уште додека Гидра студирал, а се венчале 1966 година.

Loading...

Гидра од милост својата сопруга ја викал Љаља, а со неа во 1970 година ја добил и ќерката Јелена. Како легендарниот актер ја пречекал сопругата пред породилиштето се зборувало со години. Имено Љиљана и бебето ги дочекал со три возила во кои биле половина музичари од Скадарлија.

Љиљана Контиќ (1931 – 2005) е родена во Савинца кај Горен Милановац, а исрасната е во Никшич. Гидра го запознала додека биле на Академија, а врската ја одржувале и додека актерката била во Белград. Била актерка во Народниот театар во Белград.

На јавноста и е малку познато дека на Филмскиот фестивал во Ниш во 1989 година е избрана за актерка на годината. Меѓутоа, помеѓу кариерата и семејството приоритет и било семејството, бидејќи како што некогаш изјавила: „На жените жртвувањето им е во крвта“.

Сите кои ги имаат гледано „Луде године“ и „Жикина династија“, серијалот на Зоран Чалиќ, најверојатно се сеќаваат на познатата сцена во музичкото училиште и часот на кој Миша и Наташа „музицираа“, т.е. кога пуштија снимена касета со своите музички вежби, а во другата просторија разменуваа нежности.
Иако било очигледно дека меѓу нив владее голема љубов, во нивниот брак не цветале рози. Се карале, разделувале, и повторно се враќале еден на друг.

Два пати се венчавале и два пати се разведувале.

Гидра починал на 11 ноември 1993 година, а неговата сакана Љаља на 17 јули 2005 година.