Оваа ноќ продолжуваат многу ниските температури на воздухот па утрешното утро повторно ќе биде многу студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 додека на планинските места истите ќе се спуштаат под -10 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.
Оваа ноќ облачноста од југ и од југозапад ќе се зголемува и веќе утре (четврток) особено попладнето и вечерта ќе има локални врнежи претежно од снег, врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет со што на повисоките места и на планините ќе се зголемува снежната покривка додека услови за сосема тенка снежна покривка има и во некои од пониските места.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.
Веќе од од петок поради јужното струење на висина на пониските места врнежите ќе бидат претежно од дожд и тоа ќе бидат од локален карактер и повремени.
Повторно услови за провејување на снег и на некои од пониските места ќе има во недела