Завршив машински факултет со висок просек но немам работа само поради фактот дека сум жена

0

Кога го завршив средното образование, воопшто не се двоумев на кој факултет ќе се запишам. Години наназад знаев точно што ме привлекува, што сакам да работам и што ќе бидам кога ќе пораснам.

Така и бидна. Се запишав на Машински факултет. Имав повеќе колеги и по некоја колешка. Ми велеа браво, со тој факултет ќе имаш стабилна работа, ќе заработуваш многу но, ќе треба многу да се жртвуваш.

И вистина бил дел од муабетот.

Јас се жртвував од многу активности, не можев да излегувам како моите другарки кои беа запишани на други факултети, немав многу време за козметичари и фризери. Да не звучи грубо, но онаа женската страна ја запоставив.

Се трудев да се истакнам што повеќе затоа што дури и во тек на студиите се гледаше како ние жените сме омаловажени. Колегите иако помалку учеа добиваа повисоки оценки зашто машинци требало да се мажите, а не жените.

Ме нервира тоа сфаќање дека ние жените сме само за шминка, штикла и кујна. Не сакав да врувам дека живеам во такво општество.

Се трудев да им докажам дека тоа не е воопшто така, дека се во заблуда. И завршив на време, со убав просек им покажав дека и од жена може да биде успешен машинец.

И, сега после четири години по завршувањето на судиите јас се уште лутам. Барам работа, одам на некои непристојни и фрустрирачки интервјуа.

Слушам муабети од типот “Да, мене ми треба таков човек, со такво познавање но, подобро ќе беше да беше машко.”, “Знаеш, ова е машка работа?”, “Ќе те контактираме ако се одлучиме да вработиме жена” и слично.

Зарем тоа не е толку тажно и срамно? Зарем тоа не говори колку сме труло општество со назадно сфаќање? До кога вака? До кога ние жените ќе бидеме третирани како помалку важни?

Ми се гади искрено да ви кажам, на ништо не личи оваа наша држава. Додуша не е до државата, до народот во неа е.

Народот ја прави државата лоша или добра. А вие? Вие ја направите најлошото место за живеење!

Извор: Убаво

Претходна статијаЕдна разведена жена со корисни совети: Јас направив грешка, немојте и вие
Следна статијаСнег од рано наутро низ Македонија – на овие места вее во моментов