Снег од рано наутро низ Македонија – на овие места вее во моментов

0

Времето во Македонија ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет степени.

Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

На планинските премини Стража и Плетвар утринава има остатоци од кашест снег, а во Стојмирово, Кичево и Попова Шапка врне слаб снег, но тој, како информира Авто мото сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.

На остататите држави патишта сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претходна статијаЗавршив машински факултет со висок просек но немам работа само поради фактот дека сум жена
Следна статијаЕлена Велевска: Не се покајав што му дадов втора шанса на Марјан