Циклон се движи кон Македонија: Следуваат обилни врнежи, грмежи и снег

0

До крајот на денов ќе има локално врнежи од дожд и тоа петежно во западните и северните предели на државава, има услови и за ретки грмежи, информира метеорологот Славчо Попоски.

Нов поинтензивен влажен бран од запад очекуваме утре кога повторно ќе има врнежи од дожд насекаде низ државава, локално врнежите ќе бидат поинтензивни а има услови и за расвој на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и тоа особено во југоисточните предели каде локално можно е процесите да бидат застапени во форма на невреме.

Локално се очекува да наврнат нови над 20 л/м2 воден талог.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Од среда под влијание на значително постудена воздушна маса од север ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови големо опаѓање на температурите (за околу 10 степени), ќе има и локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка, во среда доцна попладне и навечер како и во четврток послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Најстудено ќе биде во петок кога минималните температури на некои места ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Претходна статијаНино падна на колена, а Маја кажа ДА додека Лозано го пееше хитот Жена како ти (ВИДЕО)
Следна статија(ВИДЕО) Албанскиот премиер ја пцуеше Србија: Еди Рама дрско и недолично