Нино падна на колена, а Маја кажа ДА додека Лозано го пееше хитот Жена како ти (ВИДЕО)

0

Влатко Лозановски се заблагодари на својот инстаграм профил на Штип и дискотеката Клик што вчерашната вечер ја направивија посебна за него и за сите присутни.

Кога се пее од душа и со полно срце емоција, а дополнително Бог ќе го дари талентот и прекрасниот глас, тогаш изведбата допира најсилно.

Токму таквите изведувачи стануваат поблиски на публиката, поради поистоветувањето со емоциите, случките, љубовта… Таков отсекогаш бил и се уште е нашиот поп-пејач Влатко Лозаноски –Лозано кој уште откако се појави на домашната естрада плени со својот моќен, а во исто време нежен вокал кој ги „топи“ срцата на обожавателите.

Секоја негова песна се пее од почеток до крај, дури и оние новоиздадените за инстант кусо време веќе ги знаат сите, од 7 до 77.

Нино и Маја од Тетово уште долго ќе го паметат настапот на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано во саботата во дискотеката „Клик“ во Штип. На една од најубавите песни на Лозано, „Жена како ти“, Нино клекна на колена и ја побара за сопруга својата долгогодишна девојка Маја.

“Жена како ти“, е песна која долго време е хит на радио, а обожавателите имаат можност да ја слушнат на Јутуб.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија.

Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт.

Во јуни истата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот Slavianski Bazar во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I’m your angel настапи на фестивалот Golden Wings во Молдавија, каде го освоија второто место.

Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

Погледнете го видеото

Претходна статијаЛазиќ кажува збогум на Србија: Дарко со својата свршеница се селат на Запад
Следна статијаЦиклон се движи кон Македонија: Следуваат обилни врнежи, грмежи и снег