Тешко ми беше да го оставам, но повеќе си ги сакам децата отколку сопругот

0

Решив да почнам да живеам како човек. Животот со него во брак ни налик не беше нормален и спокоен. Секојдневно трпев болки и наверди. Оние душевните шлаканици повеќе ме болеа, признавам.

Со многу шминка ги покривав физичките удари. Ме опсипуваше со навреди, клетви и физички пресметки. Тој на кој му родив три дечиња.

Човек – монструм. Кога останав трудна со првотот детенце решивме по осум месечна врска да се земеме, да изградиме наш дом, наш заеднички живот. Нашиот почеток беше лесен, иако велат секој почеток е тежок.

Пеколот започна поради алкохолот, кој секојдневно го конзумираше во се поголеми количини. Останав бремена со близначиња, знаев дека ќе биде тешко, но не можев да не ги родам. И тие беа дел од мене како што беше моето првенче. Се најдов сама со три дечиња во тој момент за мене безизлезна ситуација.

Со една плата како ќе опстанеме се прашував. Се обидував да му помогнам, да го одвикнам, одевме и на психолошки семејни разговори, но се беше залудно. Кога нема да помириса алкохол тој е човекот кој го љубам, но штом се фати за чашката се знае продолжението.

Ги носев моите деца на по неколку дена кај свекрва ми, кај мајка ми, да не слушаат, а јас со него да го решавам проблемот со алкохолот…

Се направив, но не успеав да го раздвојам од чашката. Тешко ми беше, но повеќе си ги сакам децата отколку сопругот. Со помош на мојата разумна фамилија јас се разделив со него.

Тие ми помагаат за киријата, а јас работам две работи за нормален и достоинствен живот да им пружам.

Децата сега ми растат со мајка и во спокој. Повеќе не сум роб на алкохолизиран маж кој тепа и крши се пред себе. Ќе летрне времето, ќе пораснат. Не смеев да ги осудам на детство со непрерачунат алкохоличар. Имам биски пријатели и роднини кои секојдневно ми потпомагаат.

Благодарна сум им! Да не бев одлучна, борбена и храбра ќе живеев во беда и сиромаштија, за корка леб ќе немавме со дечињата или ќе останев под ист покрив со зависникот кој ми беше љубов.

Ова не го пишувам само да си ја испразнам душава, туку да прочита жена која е во слична ситуација и да се охрабри да се тргне од нездрава средина.

Жена е, силна е и може се.

Да верува дека и за неа има подобро утре!

Претходна статијаДодека со дечко ми се нервирав, тој ме смееше и убави работи ми кажуваше
Следна статијаСтуден бран и многу снег ќе ја покрие Македонија – Овој ден ќе биде најладно