Студен бран и многу снег ќе ја покрие Македонија – Овој ден ќе биде најладно

0

Под влијание на студен бран од североисток до крајот на денов ќе имаме претежно облачно и студено време со локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините, кон крајот на денов и навечер локални послаби врнежи од снег ќе има и на пониските места, пренесува метеорологот Славчо Попоски.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

И утре ќе провејува локален слаб снег и сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен северен ветер.

Најстудено ќе биде во петок наутро кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури до околу -15 степени.

Ваквото ветровито време ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот во колтините.

Претходна статијаТешко ми беше да го оставам, но повеќе си ги сакам децата отколку сопругот
Следна статијаЕдна разведена жена со корисни совети: Јас направив грешка, немојте и вие