Таткото на Дарко Лазиќ жестоко распали по поранешната снаа

0

Таткото на Дарко Лазиќ за прв пат по несреќата на неговиот син се огласи за српскиот Курир и распали по снаата Ана Севиќ.

– Таа е жена зло, ја толеиравме поради синот, но толеранцијата многу не чинеше.

Таа го изневеруваше и е многу опасна жена, вели таткото на Дарко, Милан Лазиќ.

Додава дека Дарко веќе не е во животно загрозувачка состојба, но има вештачки колк и болки.

Дарко Лазиќ побарал во болницата од својот адвокат, да му ги донесе документите за развод со Ана Севиќ во болницата. Тој се согласил да ги потпише документите, нешто што го избегнувал во последните 11 месеци.

Пејачот на ваков чекор се решил за да ја заштити својата поранешна сопруга од медиумскиот притисок, но и поради тоа затоа што сака да ја официјализира врската со својата вереница Марина Гагиќ.

Дарко во болницата Земун во Белград наскоро ќе го посетат адвокатите на неговата поранешна сопруга за да пејачот ги потпише документите за развод.

„Дарко и Ана пред речиси година дена ги поднесоа документите за развод со намера целата работа да ја сокријат од јавноста. Сепак на почетокот на годината се појави снимка на која Дарко наводно зема дрога, па поранешните сопружници не можеа да ја кријат вистината за нивниот однос.

Клопчето тогаш почна да се одмотува, а набрзо подоцна беше откриена и бракоразводната праница, која сеуште е во тек. Од тој момент, па се до денес не се случило Дарко упорно да одбива да ги потпише документите за развод“, вели извор близок до пејачот и објаснува зошто пејачот се одлучил да го одложува разводот.

„Иако се согласија повеќе да не живеат заедно, па дури и си најдоа нови партнери, Дарко секој пат одбиваше да ги потпише документите за развод. Едноставно не доаѓаше на закажаните состаноци со адвокатите на Ана. Некои велеа дека Марина му е само пропатна станица додека тоа не се случи. Но, како што обично се случува во животот, се случија работи на кои Дарко немаше влијание и кои му помогнаа да свати кого сака покрај себе во животот.

Во најтешките моменти, кога беше врзан за креветот, тој навикна на загрижените лица на родителите Бранка и Милан и вереницата Марина. Тогаш сватил дека мора да направи радикални промени во својот живот и да и дозволи на поранешната сопруга да си замине за двајцата да можат да продолжат со своите животи“, вели пријателот на Лазиќ и додава дека неговата здравствена состојба се подобрува.

Претходна статијаОвие хороскопски знаци утре животот ќе ги израдува со прилив на пари
Следна статијаНе и е ли страв од вратка – Тања Савиќ од Австралија се скара со родителите