Сватот на Цеца со огромна забелешка во врска со веридбата на неговата ќерка Богдана и Вељко

0

Вељко Ражнатовиќ, синот на српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, ја вери неговата девојка Богдана Родиќ на интимна вечера на која присуствуваа сите членови на семејството.

Сепак, многу пред официјалната веридба, Вељко тајно ја запросил Бодана на што нејзините родители Даниела и Богдан му забележуваат.

„Не ми падна тешко ова сега, кога дојдоа овде формално да ја побараат. Беше убаво, весело … Имавме убава вечера … Но, мене тешко ми падна нивната тајна веридба. Вељко како да не можеше да дочека, па тајно прво тајно ја вери. Цеца ова го дознала од медиумите, а не од него, па ме контактираше по телефон.

А, и Богдана ме повика и рече: “Ние се веривме”. И што можев да кажам?!

Ги поддржав… Да не им расипувам“ – изјавил таткото на Богдана за српски Ало.

Богдана Родиќ, која следната година врската со Вељко Ражнатовиќ ќе ја круниса со брак, порано се занимаваше со кошарка, а денес е вработена во приватна фирма. Малку е познато дека свршеницата на Вељко е вработена во фирмата на своите родители и тоа во делот за финансии.

-Богдана има завршено финансии и сметководство, а и нејзините посатри сестри се факултетски образовани. Најстарата Бојана завршила правен факултет, а Наташа менаџмент во медиуми, открива блиска пријателка на семејството Родиќ за српски Блиц.

Мајката на Богдана ги потврди овие сознанија.

-Точно е тоа што сте слушнале. Моите ќерки се обрасовани и реализирани. Толку можам да кажам, вели госпоѓата Родиќ.

Инаку, Богдана и нејзините сестри веќе неколку години работат во семејната фирма, чија основна дејност е преработка на месо.

Претходна статијаБобан од „Авалон“ емотивно: Даде сѐ, но не зеде ништо од Македонија
Следна статијаДа ја родев, исто волку ќе ја сакав, милував и негував