Да ја родев, исто волку ќе ја сакав, милував и негував

0

Мојата малечка принцеза, мојата гордост и утеха. Таа е моето прибежиште од реалноста, од суровите и себични лица на возрасните. Таа е мојата прва, една и едниствена внука, за која можам се да направам.

Да ја родев, исто волку ќе ја сакав, милував и негував. Нејзината чиста душичка, нејзините искрени насмевки и очи полни сјај се вредни за негување. Кога ми е тешко таа ме лекува, со насмевки и бакнежи ми олеснува.

На мојот свет боја му создава. За неа живеам, за неа дишам. За неа сум ваква, за неа се трудам да бидам најдобра. Од мене само убавини да учи.

Тетката во очите на едно дете е се”, таа мисла сила ми дава, и кога ми е најтешко штом на неа ќе помислам решението на прагот е. Се радувам за неа, се радувам што нејзините нежни рачиња обожуваат да ме прегрнуваат, ја сакам.

Ја сакам повеќе од се, иако не ја родив!

Се сеќавате на добрата вила од цртаниот филм „Пепелашка“? Таа е личноста која и носи утеха на Пепелашка, и помага да го смени животот, ја советува како да се однесува за да го најде својот среќен крај.

Животот не е бајка, тоа е една голема вистина која сите ја знaеме, но може да биде прилично добар ако во него ја имате добрата вила или личноста која ве обожава до бескрај – вашата тетка.

Да станете тетка во животот е чувство кое ве остава без здив. Кога вашата сестра ќе ви каже дека чека бебе, животот почнува да станува поубав. Како да ставате розови очила и наеднаш сè има смисла. Вашата сестра, таа со која растевте како дете и делевте сè, истата онаа личност со која се каравте за фустанот што го облекла во сабота вечер, а вие сте планирале – истата таа личност ќе стане мајка.

Прво ви се чини неверојатно, а потоа како се навикнувате на идејата, така станувате повозбудена и едвај чекате да дојде моментот кога ќе го видите тоа мало прекрасно суштество во нејзините раце и ќе посакате да го гушнете силно.

Во тој момент се менува животот. Сфаќате дека во тоа кревко тело тече и ваша крв, онаа која ја делите со сестрата.

Тука започнува таа посебна врска која ја означувате со зборовите:

„Ќе те сакам засекогаш и ќе те разгалувам до бескрај “ притоа погледнувајќи ја својата сестра со насмевка, а таа како помлаку строго, но и симпатично ве погледнува, тивко радувајќи се дека нејзиното малечко секогаш ќе има дополнителна љубов, покрај онаа на мама и тато.

Вие сте таа која ќе го научи тоа детенце на многу работи во животот. Ви станува јасно дека ви претстои голема одговорност за неговиот живот, не затоа што некој ја наметнал, туку од причина што така се чувствувате.

А како што ќе поминува времето, така учите да бидете со своето внуче, да го растете покрај неговите родители, да помагате во секојдневните активности.

Ќе бидете тука да ја криете за нејзините тинејџерски лудории, за првите љубови и првите бакнежи, ќе ја тешите за љубовните разочарувања кога таа ќе мисли дека е крај на светот.

Ќе ја криете кога ќе им каже на родителите дека ќе преспие кај вас, а таа ќе биде со момчето во кое е заљубена. Ќе внимавате на неа во тие моменти, бидејќи и вие ќе се грижите за нејзината добра состојба.

Ќе бидете пријателки на Фејсбук, ќе и ги купувате омилените подароци и сè она што таа ќе посака. Ќе одите заедно на концерти, ќе ги следите модните трендови, само таа ќе добива разгледници од вас додека сте на одмор, а вие со нетрпение ќе ги чекате нејзините.

Таа секогаш ќе биде вашата внука на која ќе внимавате и ќе ја сакате безусловно. Сте го правеле тоа од нејзиното раѓање, а ќе го правите и кога ќе бидете во нејзините 30ти.

Навистина има нешто посебно во врската помеѓу тетка и внука. Тетката има уникатна улога во животот на едно мало детенце, таа знае да биде авторитет, но и да биде голем пријател. Taa е роднина, другарка, сојузник кој секое дете треба да го има во животот.

Таа е вашата тетка

Претходна статијаСватот на Цеца со огромна забелешка во врска со веридбата на неговата ќерка Богдана и Вељко
Следна статијаЕден знак утре може да очекува добивка – дневен хороскоп