Снег ќе ја покрие Македонија – УХМР со вонредна најава

0

Поради спуштање на постуден воздух од север ќе се задржи облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.

Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Во четврток ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.

Денес ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието каде ќе достигнува брзина над 60 км/час.

Воздушниот притисок во текот на денот ќе порасне за околу 15 мерни единици.

Утре ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Претходна статијаСе огласи Игор, синот на Горан Стефановски: Секој знае до каде му е дадено да стаса
Следна статијаБобан од „Авалон“ емотивно: Даде сѐ, но не зеде ништо од Македонија