Христијан, Ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската Народна Партија, а се надевам дека нема ни да доживее во иднина.
Се надевам и посакувам во иднина секој прв човек на ВМРО дека ќе биде фактор кој ќе биде прашан околу тоа дали ќе има една или две партиски делегации и кој ќе биде во тие делегации. Ти не си фактор и наместо да ја обединиш и зацврснеш партијата, ти ја слабееш и ја делиш. За тоа си крив ти, твоето лицемерие, лажниот патриотизам и твојата незаинтересираност за иднината на Македонија.
Во иста вечер јавно да те бламираат и да ти пишуваат пораки на социјалните мрежи и Дорис Пак и Јоханес Хан не говори ништо друго, освен што покажува дека и тие ги прочитале твоите лаги и не ти веруваат. Одлучиле да ти твитнат за да не ти текне да си пренесеш само тоа што ти одговара и да лажеш дека имаш поддршка за штетата што ја предизвикуваш и по Македонија и по ВМРО.
Така е тоа Христијане кога играш дупло. Така е тоа Христијане со искусни политичари кои знаат дека твои советници од доверба шетаат по Скопје и зборуваат „а да си побаравме ние друг партнер, на исток”. Јасно е зошто партијата не праќа соопштение за средбата со Дорис Пак и Јоханес Хан.
Во иста вечер претседателката на асоцијацијата на жени во рамки на ЕНП, Дорис Пак да ти каже дека твојот лажен патриотизам е неприфатлив за Европа, а од друга страна Еврокомесарот Јоханес Хан да ги нотира твоите заложби да не го опструираш процесот во парламентот е бламажа од светски, а не само од европски рамки.
А, што правиш ти Христијане ? Праќаш банални соопштенија, додека луѓево со кои што се среќаваат твоите соработници организираат протести пред домовите на пратениците.
Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ? Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без разлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе ?
Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што СЕГА ти стана повредна од Македонија ? Има ли твојата “борба за Македонија” цена и која е таа ? Дали ќе организираш протести и дали во Собранието ќе ги искористиш сите средства за да го блокираш договорот од Преспа, а такви средства имаш многу ?
Ќе предложиш ли Христијане неколку илјади амандмани или ќе ти бидат виновни други пратеници кои не биле доволно ангажирани ? Ќе организираш ли секојдневни протести пред Собрание за да покажеш колкава поддршка имаш од народот или ќе ги обвиниш структурите дека биле пасивни ? Ќе сториш ли нешто или ќе се правдаш како имало нова реалност, а ти кутриот не си моќен да преземеш ништо ?
Ти кажав и пак ќе ти кажам, тоа што го правиш не е чесно и не доликува на човек што треба да го води ВМРО. Сакаш да дојдеш на власт ама ти да си патриотот, а другите да се предавници. Сакаш да газиш преку туѓи животи. Кукавички и ниско од некој што треба да води организација како ВМРО.
Прочитан си Христијане дека играш двојно со нашето членство и целиот народ. Извини се на членството за двојните игри и лицемерито. Извини се и на граѓаните на Македонија што ги лажеше дека ти ќе си го бранел името до крај.
Христијан,
Подолг стаж во ВМРО имам и од тебе и од твоите соработници. Овие писма до тебе имаат само една цел, а тоа е да го спасиме и направиме посилно ВМРО. Ти не си ВМРО. ВМРО е над тебе. Ти си времено на функција во ВМРО. Доколку ВМРО загуби на претстојните избори затоа што е изолирано, тоа ќе биде само заради тоа што немаш капацитет. Крајно време е да размислиш и одлучиш, за вракање на прозападниот курс, зацртан во трајните определби на партијата, се вели во писмото.