Сара Леши одамна е мажена во Америка, но сега ќе стане и сопруга на Сенатор (ФОТО)

0

Поранешната мисица на Македонија Сара Леши девет години е американска снаа и го живее животот од сонишата. Пред речиси една деценија во Скопје го запозна мажот на својот живот со кого се омажи и пред една година му роди дете. Убавата и атрактивна Сара е госпоѓа Вилис, а бидејќи нејзиниот Том е во политиката, сега собира гласови за американскиот Сенат.

Откако медиумите пред неколку години ја налутија што пренесоа статус за нејзиниот посинок кој тогаш беше болен, Сара го избриша својот Фејсбук профил, па денес активен на социјалните мрежи е само Том.

Токму на тој јавен профил може да се видат неколку нивни заеднички фотографии во рамките на кампањата каде Сара и Том позираат заедно со синчето. Поминаа многу години, а Сара во една прилика за македонските медиуми изјави дека Скопје и Македонија многу и недостигаат, а дека во Америка сака да работи како стилист и организатор за свадби.

– Научив и се уште учам многу за организирање настан кој е најважен во животот на една жена, нејзината свадба. Уживам во оваа професија бидејќи е мода а јас сум позади камерите правејќи го возможно. Најискрено мислам дека девојките во Македонија се облекуваат многу подобро од девојките во САД.

Американките се загрижени за комфорт, а не за мода, додека кај нас е обратно, изјави Сара пред пет години во интервју за Точка.мк Инаку, Сара и Том покрај заедничкото дете, живеат заедно со двете деца од првиот брак на Вилис.

Извор: Вистина

Претходна статијаСимона: Доста се криете зад Фејсбук и Инстаграм, излезете и јавно кажете
Следна статијаМакедонија на културен настан во Катар претставена само со албански играорци, музика, носии, знамиња