Во текот на оваа ноќ ќе има повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе паѓа снег, снежната граница има услови да се спушти и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Во текот на утрешниот неделен ден под влијание на Медитераснкиот циклон ОЛИВИЈА ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег и на некои од пониските места, има услови и за врнежи од влажен снег.
На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, поинтензивни врнежи ќе има во јужната половина од државава каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог а на повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка.
Услови за потенка снежна покривка има и на некои од населените места со надморска височина од над 500 метри и тоа претежно на запад и на југозапад. Поради циклонот ОЛИВИЈА целата територија на државава ќе влезе во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА додека утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.
Подготви: Славчо Попоски, извор Република