Целокупниот безбедносен систем во државата е во колапс, тоа се должи и на партизација. МВР е надлежно да ја спроведе мерката одземање на пасош и да спречи да ја напушти државата.
МВР самостојно проценува ризици, нема потреба од Обвинителството или Судот. МВР треба да подготви план, треба да се направи проценка дали постои опасност од бегство и потоа се предлагаат мерки како следење или прислушување.
Ова денеска на Телма во Топ тема го изјави Трајанов.
Тој вели не може Спасовски да превземе одговорност на себе за се што не е направено, бидејќи не може да одговара за сите.
Трајанов додаде дека доколку тој бил директор на БЈБ немало да се случи бегството.
Во 1998-1999 година раководи со МВР (министер за внатрешни работи), при што се спротивставува на обидите за дестабилизација на Македонија и успешно се справува со безбедносната криза, екстремизамoт и тероризамот, врши темелна реорганизација на МВР со воведување на антитерористички центар, оддел за борба против организираниот криминал, емиграционо биро и др.
Во текот на 1999-та година, под негово раководство Македонија прифаќа над 500.000 бегалци од Косово, ја одржува стабилноста на државата и спречува конфликтот од Косово да се прелее во Македонија.
Во јануари 2000 година го иницира формирањето на нова политичка партија –Демократски сојуз.
На 19 март 2000 година, на Основачкото собрание на Демократскиот сојуз е избран запретседател на ДС.
Од 2006 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија