Пандов: Случајот Груевски е чиста политика, а Македонија е крахирана држава

0

Во случајот со Груевски сѐ е политика, смета аналитичарот Александар Пандов кој вечерва во отвореното студио на „Алфа“, меѓу другото, како пример го даде луксузниот мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Тргнете од тоа дека самата набавка е направена од МВР, како што е ред, направиле тендер, Мак Ауто Стар е овластен дистрибутер за „мерцедес“, јас колку што знам. Од нив е купен. Самите импортери, самата компанија, колку што следев во судскиот процес, укажува дека тоа возило повторно ако се нарача, исто толку би чинел, бидејќи луѓето веднаш кога ќе слушнат „мерцедес“, 600 илјади евра, одат на тоа дека во таа набавка имало некоја заработка, дали за Груевски, дали за Јанкуловска или Ѓоко Поповски, кој доби 6 години за овој случај.

Да повториме дека едно евро нема заработка. Да повториме дека претходно имало старо блиндирано возило кое до Велес требало да се сервисира кога ќе се појде некаде. Во изминатите неколку месеци „се утепаа“ од возење во тој „мерцедес“, дека е неопходен, дека Македонија требала да има неколку такви блиндирани возила, значи сето тоа е познато.

И ако е сето тоа познато, вината на Груевски била затоа што и тој би сакал, при нарачката, е логично, премиер дека ќе се возел и тој – рече Пандов.
Тој додаде дека во исто време, или паралелно како течеше тој судски процес, имавме случаи да градоначалник, се пука со полиција во граница.

Во самото возило му се најдени не знам колку штеки на цигари, со бандероли, без бандероли, од каде потекнуваат? И тоа не слушнав. Само 6 месеци доби човеков условна казна. Не знам дали воопшто ќе ги лежи некогаш. Не верувам. Во истиов овој период – потенцираше Пандов. За него, Македонија е сега крахирана држава тотално.

Комплетно, и политичкиот, и правосудниот систем е срозен. Ние имаме лик во ликот на Катица Јанева, која 7 години студирала со 6.2 просек. Таа е пример за секој еден млад правник, млад човек кој сака во обвинителство и судство да влезе и таа е таа која сега може по каков сака основ, било кој што му пречи сега на Заев и на неговите поддржувачи што стојат зад него, да биде отстранет – додаде Пандов.
За Пандов е јасно зошто, како главен столб, првиот кој ќе гледаат да го таргетираат, да го нападнат да биде  Груевски.

Зошто? Зошто тој беше 15 години претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Влада. Дополнително, што со тоа с епраќа порака, ако груевски можат да го осудат на 2 години затвор, не знаеме за што всушност, јас и денеска не знам за што е осуден, ако него може тоа да му се случи, што е за било кој. Ние сме ситна боранија, која може да било што да ја соберат некој ден и тоа се случува – вели Пандов.

Извор: Република

Претходна статијаКапа до под: Парите од свадба, Живе и Марија од Струмица ги донираа на Никола
Следна статијаФОТО: Додека Дарко Лазиќ се бори за живот – Ана Севиќ насмеана со своето момче на концерт