Неговите сопартијци не го изневерија – Груевски останува пратеник и засега не оди во затвор

0

Само 58 гласа „за„ од вкупно 87 присутни пратеници не беа доволни на поранешниот премиер да му се одземе пратеничкиот мандат. Сите осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои дадоа поддршка за уставните измени, денеска беа против предлогот Никола Груевски да замине в затвор.

Тие беа отсутни за време на гласањето а 29 мина од неговите сопартијци гласаа против, но никој не сакаше да дискутира за ова прашање. Од партијата велат дека не сакале да учествуваат во медиумскиот циркус на СДСМ. Дискусии немаше ниту од страна на мнозинството.

Пратеничкиот мандат на Груевски беше ставен на гласање пред пратениците откако Собранието доби известување од кривичниот суд дека екс премиерот е осуден со правосилна пресуда на 2 годишна затворска казна.

Претходна статијаПроверете дали имате нагазено или испиено нешто, кое ви го подметнале за да ви наштетат
Следна статијаОдбиена жалбата на Груевски, ќе мора да оди во затвор штом го прими решението