Најдобри пријатели засекогаш – Јанкулоска објави фотографии од неа и Миле Јанакиески

0

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска му даде поддршка на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој во моментов се наоѓа во притвор.

Со неколку лични фотографии, Јанкулоска преку социјалната мрежа „Фејсбук“, го поддржа Јанакиески.

Познато е дека Јанкиески и Јанкулоска се пријатели одамна, а таа одлучи да сподели и некои нивни приватни фотографии во јавноста, како поддршка за Јанакиески кој во моментов е во притвор.

На фотографиите се таа и Јанакиески од почетоците на нивното дружење, па досега.

BFF (best friends forever – најдобри пријатели засекогаш), стои во описот на фотографиите, објавени на Фејсбук профилот на Јанкулоска.

Тој се надева дека Апелација денеска ќе му ја прифати жалбата да се брани од слобода по неколку обвиненија од СЈО.

Претходна статијаПарот се разделува: Славица Чуктераш повеќе нема да живее заедно со сопругот
Следна статијаДоаѓа студен бран во Македонија: Неделава очекувајте снег