Мислев дека го пораснав син ми единец во добра личност, но гените посилни од мојот труд биле

0

Ќе го родиш, ќе му го посветиш животот нему, и кога ќе порасне ќе му е тешко слушалката да ти ја крене. Да праша: „Мајко како си? Мајко болна од што си?“ Тие прашања јас од мојот син не чув да ги изусти.

Иако болката од него доаѓа. Тажна и болна мајка ме направи. Јас колку што можев и умеев правев да расте и живее во среќно семејство. Му ја дадов сета моја љубов. Го опсипував со грижа мајчинска секојдневно.

Кариерата ја оставив за него. Сонот свој го закопав за него.

Син ми единец. Тој ми е сè на светов. Мислев дека го пораснав во добра личност. Не мора со мене, но со себе да беше барем добар. Наполни 35 години, а нема ниту еден другар од детството.

Нема вистински пријател. Нема ни постојана партнерка. Луѓето од околу, вклучувајќи ме и мене ги гледа низ призма на пари и корист.

Искористи и сврти грб е неговото животно мото. Не знае да ги цени животните вредности правилно, иако го учев на тоа. Да споделува, да сочувствува, да цени и искрено да сака. Но, гените посилни од мојот труд биле.

За жал, ова е горчливата вистина, која ми ги стега градиве и ми ја гори душава.

Животот на една мајка со лошо дете е тежок живот. Полн со болки. Но, против природата не сè може.

Извор: Убаво

Претходна статијаСледната недела финансиски добра за овие хороскопски знаци
Следна статијаОгњен Амиџиќ: Искрено се надевам дека нема да си го упропастам син ми