Миле Кузмановски првпат проговори за односот со втората сопруга Јасмина

0

Минатата година во октомври добија и ќеркичка

Миле Кузмановски минатата година во октомври по втор пат стана татко, односно неговата сопруга Јасмина на свет донесе ќерка. Најсреќни за приновата се близначките Ана и Јана кои имаат по 15 годиним а фолкерот за прв пат во јавноста прозборе за семејството и односот со партнерката.

Се е супер, растеме и се радуваме сите заедно. Ана и Јана веќе пораснаа, сега се девојки, учат во средното медицинско училиште и се одлични ученички, откри Миле кој наскоро ќе ги изненади фановите со неколку нови песни.

Раскажа и дека темата “Не кани ме” и после толку години е една од најбараните песни и вели дека овој евергрин ја одбележал неговата неколкудецениска кариера.

Можам да кажам дека таа песна е моја лична карта, навистина е така, но има и други песни кои што публиката ги бара.

Супер помина и до ден денес се уште се слуша и “Крал без круна” која за мене ја направи Александар Митевски со кого наскоро повторно ќе соработувам, додаде Кузмановски.

Претходна статијаИнструментите едноставно престанаа да работат: Исповед на жената која го отвори Исусовото почивалиште
Следна статијаДунавка Трифуновска: Владо е искрен, посветен и страствен љубовник,