Дунавка Трифуновска: Владо е искрен, посветен и страствен љубовник,

0

Јас сум единствената Македонка која што каде и да оди се враќа со титула”

Дунавка Трифуновска деновиве е во центарот на вниманието поради врската со Владо Јаневски, а во интервју за “Бекстејџ” манекенката откри каков е чаирскиот романтичар во кревет.

Владо е страствен љубовник, искрен, посветен. Ние се знаеме повеќе од 20 години, замислете, последното негово видео каде што се појавувам јас го снимивме точно на денот кога сме се запознале пред две децении. Владо жените кои што ги сака ги покажува во јавноста, на пример, само тој може да ме фати за рака и да ме однесе на прошетка на полна месечина во Охрид, откри Дунавка која се пофали и дека каде и да оди на избор за убавина се враќа со награда и титула.

Јас сум единствената Македонка која каде и да оди се враќа со титула. На изборот во Тајланд не покажав срце, туку знакот на илуминатите, ама кој да разбере. Јас важно бев забележана, а другите што сакаат нека си зборуваат, прокоментира Дунавка.

Дунавка Трифуновска во Бекстејџ

Дунавка Трифуновска во Бекстејџ. Освен што ни ги откри сите нејзини стравови и планови поврзани со професијата и љубовниот живот со Владо Јаневски, таа повторно удри по Игор Џамбазов.

Публикувахте от Backstage Macedonia в Събота, 3 ноември 2018 г.

Претходна статијаМиле Кузмановски првпат проговори за односот со втората сопруга Јасмина
Следна статијаРебека се отвори за односот со нејзиниот сопруг