Кери Голдиџ загрижена мајка на фејсбук објави фотографија од својата шестгодишна ќерка Софи, која заврши во болница поради малтреирање од нејзините врсници на училиште.
Кери, која со семејството живее во британскиот град Тивертон, објави потресна приказна за она што ѝ се случувало на нејзината ќеркa, објави Дејли Меил.
„Ова е мојата шестгодишна ќерка, во болница, поради малтреирање. Таа престана да јаде, плачеше пред спиење, и ѝ беше толку тешко што се будеше по 20 пати во текот на 24 часа. Нејзиниот најдобар пријател псхички ја малтертираше толку долго што таа мислеше дека тоа е нормално. Ова е моето дете кое поради тоа малтретирање доаѓаше и си одеше од болницата многу пати. На социјалните мрежи, ѝ се потсмеваа родителите на насилниците. Таа е само една од многуте кои поминуваат низ ваква ситуација.
Кога пријавивме малтретирање во училиштето, ни рекоа дека тоа е само едно вообичаено однесување на шестгодишно дете. Ова е моето дете чија приказна ја изманипулираа оние кои требаше да ја заштитат во нејзиното училиште додека беше под нивна закрила. Ве молам, помогнете ми да ја споделиме нејзината приказна“, е дел од објавата на мајката на Фејсбук.
Откако ја префрлила во друго училиште, нејзината ќерка е многу подобра. Мајката апелира до сите родители кои што имаат слично искуство дека треба глсно да зборуваат за овој проблем.