„Колешка Чаир“ на Мукоски: Шекеринска мене оставете ми ја!

0

Крсто Мукоски, Јохан Тарчулоски, Миле Јанакиески и уште 40-на други пратеници и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, на 27 април преку вибер комуницирале за случувањето во Собранието.

После 20 часот, кога веќе толпата одамна е влезена внатре, соговорник, кој во телефонот на Мукоски бил запишан со пасворд, пишува:” Зоки требаше до сега на едно место да биде, ама за тоа друг пат!

Претходно, Сашо Лазаревски споделува дека најверојатно пратеникот Зијадин Села е мртов, односно вели: “Села може да е веќе аут”.

Продолжува презентацијата на смс и вибер пораки.

Додека пратеникот Крсто Мукоски на 28 април 2017 година добива насоки од Миле Јанакиески да се качат во прес салата каде што бил Заев, во комуникацијата на вибер се вклучува и жена која во телефонот на Мукоски била запишана како “колешка Чаир”.

Таа вели:” Шекеринска мене остајте ми ја!”, а потоа пишува:”Отварајте дечки вратите”!

Во следната порака ги известува дека веќе влегле во Собранието.

Извор: ФОкус

Претходна статијаMиле Јанакиески: Не можете по магарето, па удрете по самарот
Следна статијаТемпературите паѓаат и до -10 – пристига леден руски бран во Македонија