Кога се освестил молел за прошка само една жена – Дарко Лазиќ ветил дека ќе се промени

0

Дарко Лазиќ кој по страшната сообраќајка со денови се бореше за живот, му беа направени неколку операции и беше во кома, кога се разбудил плачел и молел за прошка само една жена.

– Додека беше во шок соба, го гледаше само мајка му Бранка. Го бакнуваше и прегрнуваше додека беше и во кома, а кога се разбудил Дарко и рекол дека бара да му прости и дека кога животот му дал нова шанса, тој ќе сврти нов лист за почеток, вели извор.

Дарко Лазиќ се уште се наоѓа во болница во Земун каде што заврши по тешка сообраќајна несреќа.

Пејачот секојдневно го посетуваат неговите родители, а деновиве српските медиуми пишуваа дека свршеницата Марина донела одлука да го напушти и да ја раскине врската.

Меѓутоа, мајката на Дарко Лазиќ, Бранка за „Телеграф“ ги демантираше овие пишувања.

„Не е точно. Марина доаѓа секоја вечер, не доаѓа наутро“, изјави мајката на пејачот.

За потсетување, Марина и Дарко се во врска повеќе од шест месеци и тој пред сообраќајката изјави дека е многу заљубен и среќен.

Дарко Лазиќ се наоѓа во состојба на апстиненцијална криза и тоа во моментов е најголемиот проблем кој значително го успорува закрепнувањето на пејачот.

–Дарко во основа е стабилно. Се е направено како што треба, мислам на операцијата, меѓутоа, постои голем проблем, а тоа е неговото минато. Дарко серизоно кризира од дрогата и тоа во моментов е најголем проблем. Премногу се поти, буквално исфрла капки пот и многу се тресе – вели добро упатен извор.

Како што објаснува, тоа е причината поради која лекарите не смеат да го стават на нозе, да се обиде да се потпре на здравата нога и да проба да шета со помош на штаки. Среќа во несреќа е што не покажува доза на агресивност, но поради кризата во која е, не може да се крене од кревет, а би морал што побрзо, поради ребрата кои треба да му зараснат.

Претходна статијаСрпските медиуми објавија со што се занимавала порано идната снаа на Цеца (ФОТО)
Следна статијаМетеоролозите излегоа со детална временска прогноза – Овие месеци се очекуваат обилни врнежи од снег