Ќе се истумба времето – овој месец ни доаѓа вистинска зима

0

По крајот на идната недела, можете веќе да почнете да се подготвувате за вистинска зима.

Во овие температури кои повеќе личат на рана пролет отколку на доцна есен, ќе уживаме уште десетина дена. Цела наредна недела ќе биде како оваа која полека изминува. Температурите ќе се движат околу 20 степени а утринските нема да се спуштат под 5.

Веќе во третата седмица од ноември ќе почне заладувањето. Викендот на 10 и 11 ноември ќе биде пресвртот кога за само еден ден температурите ќе паднат за десетина степени.

Од тогаш, живата на термоетарот ќе покажува се пониски износи, а тие во утринските часови редовно ќе бидат во минус.

Па така викендот на 17 и 18 ноември температурите нема да се качат над 7 степени а исклучително студено ќе биде наутро кога температурите ќе одат и до минус 3 во Скопје и минус 7 низ републиката.

Во втората половина не чека многу влага но и исклучително ниски температури. Во Скопје дневните ретко кога ќе одат над 5 степени на наутро ќе има и минус 5. Низ Македонија веќе се најавуваат температури длабоко под нулата кои на некои места ќе достигнат и минус 10.

Во овој период на ноември ќе се создадат услови и за првите врнежи од снег, но тие не се очекуваат на пониските места и во котлините или пак доколку сепак има провејување, снегот нема да се задржи на почвата.

Претходна статијаВРЕДИ ДА СЕ ОСВОИ: Жената во овој хороскопски знак е најдобра во цел Зодијак
Следна статијаЛамбе го остави микрофонот и направи драстична промена: Нема да верувате што работи сега