Ми даваа корка леб на ден. Цело време бев гладна. Секој ден молев да умрам, конечно да ме убијат и да ми ги скратат маките.
Со овие зборови, на сослушувањето во обвинителството, го опишала својот хорор 28-годишната Јелена В, несреќната девојка која две години живеела како робинка на брачен пар од Обреновац, пишува “Blic.rs”.
Деталите за нејзиниот мачен живот кои неодамна испливале во јавноста, Јелена ги повторила пред обвинителството. Таа пред неколку дена го раскажала ужасот кој го преживеала, а сега испливале уште некои детали.
“Ми даваа корка леб дневно. Цело време бев гладна. Ми миеја со студена вода во дворот, како свиња. Врискав, молев, но никој не ми помагаше. На крајот ги молев да ме убијат, да ми ги скратат маките”, рекла жената чија страшна судбина ја шокирала Србија.
Како што претходно додала, мачењето кое го доживеала било страшно, пренесуваа “Blic.rs”.
“Ми ги корнеа ноктите, ме тераа да јадам измет, а потоа ме силуваа”, рекла таа.
За ѕверското мачење кое траело 22 месеци, ги обвинила 27-годишната Милева М и нејзиниот 35-годишен сопруг Ненад П.
Несреќната жена раскажала дека во нивната куќа дошла доброволно, сама, бегајќи од своето семејство во кое тешко се живеело. Не знаела дека влегува во пеколот.
“Милева ми беше пријателка и бидејќи знаеше дека живеам тешко ме повика да живеам кај неа. Рече дека ќе ми помогне да најдам работа, но наместо тоа почнаа да ме тераат да просам. Ме малтретираа секој ден, ме тепаа, ме врзуваа со ланци, ме силуваа со метла, ме тераа да просам за нив и да јадам измет. Еднаш се обидов да побегнам, но ме спречија и ме скршија од ќотек”, рекла несреќата робинка.
Таа потврдила и дека пред неколку години била оперирана од рак на мозокот, како и дека била жртва на злоставување од страна на сопственото семејство и сопругот.
Таа исто така е мајка на четири малолетни деца кои живеат во дом за незгрижени деца.