Груевски се крие во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и чека претседателот Иванов да го помилува?

0

Откако полицијата не успеа да го пронајде екс премиерот Никола Груевски во неговиот дом на Бихачка, се подгреваат разни шпекулациите за местата на кои можеби се крие.

Според неофицијални информации постои можност Груевски да се крие во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што наводно бил виден како влегува во петокот. Па така се зборува дека таму би се криел се додека претседателот Ѓорге Иванов не го помилува.

Според неофицијални информации на Фокус, и сопругата на Груевски, Боркица, рекла дека последен пат го видела утрото во петокот, од кога и му се губи трагата.

Доколку бегалецот Груевски пак веќе ја напуштил државата, тоа морало да го стори на нелегален начин, бидејќи му е одземен пасошот.

Она што е пак сигурно, е дека по распишувањето на потерницата, Груевски ја изгуби можноста да добие повластен третман во затворот “Скопје”, бидејќи доколку биде спроведен најверојатно ќе биде сместен во затворено одделение, а претходно постоеше варијанта и за сместување во полуотворено одделение, односно со можност да го напушта затворот.

Извор: Фокус

Претходна статијаОставив се и заминав на Малта, овде месечно заработувам по шест наши плати
Следна статија„Алфите“ влегоa во седиштето на ВМРО-ДПМНE – се бара Груевски