На официјалниот фејсбук профил на осудениот пратетеник, Никола Груевски, денеска осамна статус.
Груевски, по кој веќе втор ден е трага за издржување на затворската казна, според статусот, вели дека се наоѓа во Будимпешта.
„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, стои во статусот.