Фрчкоски: МВР е неспособно, ова нема да заврши на добро

0

Професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски го осуди МВР за бегството на поранешниот екс-премиер Никола Груевски и можноста да побара азил во Унгарија непосредно пред да започне да ја издржува казната од две години затвор за случајот „Тенк“.

Поранешниот министер за внатрешни работи како и кандидат за претседател на државата од редовите на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук излезе со свој коментар за последните случувања во државата.

– Тоа е доказ за неспособноста на МВР и политиката на неказнивост, што ќе биде проблем за условоит „владеење на правото“ за влез во ЕУ. МВР има обврска на лице на кое му е одземен пасошот да му стави до знаење дека не смее да ја напушти државата и тоа да го обезбеди.

МВР службено е должно да го спречи лицето. Не сваќаат какви последици ќе има ова. Нема да заврши добро – вели Фрчкоски во еден од своите коментари.

Претходна статијаВо вакво издание Цеца никогаш не сте ја виделе – во проѕирна облека ги изненади фановите
Следна статијаЗа првпат по бегството на Груевски се огласија неговите адвокати