ФОТО: Шумахер го собра семејството заедно – причините се добри вести

0

Добри вести успеаа да го соберат семејството и фановите на Михаел Шумахер. Тие за жал не се поврзани со здравјето на пилотот, кој настрада сериозно кај ски спуст во 2013 година, туку има добротворна иницијатива.

По инцидентот со Германецот беше формирана фондација “Продолжи да се бориш!”, која сега пушти во продажба постер со добротворна цел, а цената му е 36 долари.

“Со задоволство сакаме да бидеме партнери во оваа добра иницијатива. Ова е одличен начин да ја одбележиме кариерата на Михаел врз овој убав постер”, коментираше портпаролот на семејството Шумахер – Сабине Кем, која се поретко се појавува пред медиумите во последните неколку години.

Новинарите ја искористија и приликата, за да ја прашаат Кем каква е здравствената состојба на легендата, на што таа одби да одговори и ја одреди оваа тема како “семејна тајна”.

Цената на постерот е 36 долари.

Претходна статијаОд оваа зима нема да можете да го возите автомобилот секој ден – владата со мерки против загадувањето
Следна статија(ВИДЕО)Варошлија повторно удри по познатата македонска водителка: Со тоа штиклите прави колци за патлиџани