ФОТО: Атрактивната Милена откри што носи и што ќе носи под фустанчињата

0

Милена Антовска Станковска, водителката на „Канал 5“, важи за една од најатрактивните, најзгодните, најсексапилните… ТВ лица во земјава.

Нејзиниот нов проект „Сподели проблем“ е гледан колку заради темите што ги третира,толку и заради атрактивниот изглед на самата водителка. А, Милена навистина се труди да го „сподели секој проблем“ со ТВ гледачите… Барем оние што тие ги имаат и јавно ги обзнануваат.

Она малку што се знае за неа, обично нејзината публика и не само тие го дознаваат од медиумите кои ги третираат јавните личности.А Милена, онака како што ја дал Бог, згодна, атрактавна, сексапилна не е само предмет на копнеж на посилниот пол од ТВ аудиториумот, туку нејзината приватност предизвикува и огромна љубопитност кај сите гледачи.

Водителката ретко ги открива тајните на својата интима, но овој пат направи нешто намерно, со што „случајно“ сподели нешто што само оние што ја познаваат ептен одблизу, го знаат… Како нејзиниот сопруг, на пример.

Имено, Милена деновиве започна соработка со еден од најреномираните брендови за долна облека, пижами, костими за капење и хулахопки во земјава, или поточно стана еден вид нивно заштитно лице.

А тоа подразбира дека брендот мора да се претстави, покаже, изрекламира… па Милена го истури сиот свој сексапил раскомотена на софата во домашна атмосфера.

Она што многу повеќе „ги заскокотка“ љубопитните обожаватели на долгоногата убавица е нешто што спаѓа во асортиманот на брендот… Па се запрашаа: Ќе дојде ли моментот кога Милена ќе открие што носи под фустанчето?

А водителката не чекаше долго, па уште и пред да се запрашаат она што би сакале да го знаат, Милена „им ја исполни желбата“… Па го „сподели“ она што ги интересира: Што (ќе) носи под фустанчето!?

Колку за да ја „размножи среќата“ кај своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи!

Извор: Вистина.мк

Претходна статијаАца Лукас призна дека завршил во полиција – причината 35.000 евра
Следна статијаУнгарскиот министер не знае како Груевски избегал кај нив, па вели: Претпоставувам…