Унгарскиот министер не знае како Груевски избегал кај нив, па вели: Претпоставувам…

0

Унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, на прес конференција која ја имаше утринава не одговори и покрај инсистирањето на новинарите како Никола Груевски стигнал во Унгарија без пасош.

Сијарто рече дека „нема право ниту овластување да сподели информации за тековна постапка за азил“.

” Претпоставувам дека предметот е во постапка за азил. Дотогаш, не можам да ви дадам повеќе информации“ рече тој.

Согласно унгарскиот закон, Груевски морал најпрво да биде задржан во еден од т. н. транзитни центри за баратели на азил. Доколку влегол во земјата од Србија, тогаш според унгарскиот закон, мора да биде вратен таму. Од Хелсиншкиот комитет изјавиле дека Владата на Унгарија треба да го врати Груевски во транзитната зона меѓу Унгарија и Србија, бидејќи тој нема пасош.

Груевски и унгарскиот премиер Орбан имаат блиски односи – Орбан отворено и директно ја подржуваше кампањата на ВМРО ДПМНЕ, и имаа идентични ставови за Сорос и за мигрантите.

Оваа врска остана црврста и по смената на Груевски од власта.Во септември 2017 година Орбан го посети Груевски во Македонија во време кога Груевски веќе немаше пасош. Тогаш унгарските медиуми шпекулираа дека Орбан му ветил азил на Груевски. Во тоа време, унгарски бизнисимен станува главен маркетинг – огласувач на медиумите кои беа здолжени за пропагандата и рејтингот на Груевски.За ова повеќе може да прочитате овде.

Целата сторија прочитајте ја на Нова ТВ.

Претходна статијаФОТО: Атрактивната Милена откри што носи и што ќе носи под фустанчињата
Следна статијаЕмотивна исповед на сопругот на Јанкулоска за “Фокус”: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави синот