Дедо Наум: Најголем проблем на секој христијанин, секогаш, е задржувањето на благодатта Божја

0

Вистински допир (10.11.2018 12:06)

Што може човек да научи од евангелието за крвоточивата жена и за ќерката на Јаир (види: Лука 8, 41–56)? Забележуваме дека и двете Христос ги исцелува со допир. Ова сознание е голема утеха за сите нас.

Тајната на исцелителниот допир се крие во обожението на сѐ создадено во Богочовекот Христос. Тајната на исцелителниот допир се крие, посебно, во обожението на нашето човечко тело.

Тајната на исцелителниот допир е и потврда и за Воскресението на мртвите кое го чекаме.

Оние кои духовно и телесно се причестуваат со Крвта и Телото Христови, го остваруваат најпотполниот исцелителен допир со Богочовекот Христос. Според светите правила на Црквата, оној што три недели по ред нема да го оствари овој допир, се одрекол од тој допир.

Приемот на исцелителната божествена енергија и преку допир се случува, пред сѐ, со вера во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, тоа го гледаме и во двата случаи. Само што во првиот случај имаме пројавена вера за себе, а во вториот случај имаме пројавена вера во полза на друг.

И во верата се расте. Постои аскетска вера што одговара на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите, и постои благодатна вера што одговара на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот; произлезена – не од читање книги, туку од жив однос со Бог во срцето, остварен преку умно-срдечната молитва.

Прво се принудуваме на аскетска вера, а од опит се стекнуваме и со благодатна вера. Опитот ни носи не само вера, туку и знаење и познание на Бог, така што верата надоградена со познание и знаење на Бог е веќе – благодатна вера.

Молитвата за себе (или пројавената вера за себе) е карактеристична на почетокот од првиот степен на духовниот развој, а молитвата за ближните (или пројавената вера во полза на другите) е единствената молитва на вториот степен на духовниот живот.

Често и Самиот Христос ја поттикнува паднатата вера во човекот: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!“ (Лука 8, 50). Задржување на исцелителната благодат Божја, исто така, се случува само преку вера потврдена со опит, со дела.

Најголем проблем на секој христијанин, секогаш, е задржувањето на благодатта Божја. А, има и такви кои се одрекле од христијанскиот идентитет, и иако учествуваат во Светите Тајни на Црквата – тие самите остануваат неосветени.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Претходна статија(ФОТО)Тамара изненади со признанието: Би го простила неверството…
Следна статијаПред Харис беше лудо вљубена во овој кошаркар – најавија и свадба, но ништо од тоа