Секое утро на пристаништето Уранополис, на врвот на третиот крак на Халкидики, Aтос, се формираат два реда: машките чекаат траект за превоз до храмот на Света Гора, а женските брод кој крстари околу Aтос, за оддалеку да ја гледаат оваа монашка република во која пристапот им е забранет. Така налага Aватон, древниот закон, за кој преданијта велат дека е напишан по упатствата на Мајката Божја, на која Света Гора и е посветена.
Атос во предхристијанското преве бил прочуен по храмот на Зевс Мунобиј на 2 033 метри надморска височина, светилиштата на Аполона, Артемидија и други олимпијски божества, но од тогаш мистериозно го променува својот лик. Од Македонија, првата област во Евроа, каде што црквата ја востановил апостолот Павле, како пожар се шири Христовата вера на целиот Халкидики, а научниците велат дека во првите векови дошло до таинствено раселување на населението од полуосторовот Атос. Христијанското предание е тоа дека отселувањето на градовите се објаснува со Божјата волја со цел Света Гора да постане “Богородична градина”, наменета за монасите кои ќе ја слават.
Тоа се случило кога Богородица, после Христовото воскресување, во придружба на Свети Јован тргнала на Кипар, во посета на воскреснатиот Лазар од Витанија, кој таму бил епископ. Големата бура го одвлекла бродот на источното крајбрежје на Арос, на местото на денешната лулка на манастирот Ивирон. Таму има мала височина над брегот на морето, природен амфитеатар помеѓу планините кои се слеваат во свежите потоци, а се наоѓа градот Клеона со прочуеното Аполоново сетилиште. Штом Богородица стапнала на тлото, во храмовите се занишале и срушиле паганските кипови, како и храмот на Зевс на Атос.
“Гледајќи во оваа Божја промисла, паганскиот народ ја примил Христовата вера и на местото на паганскиот храм, подигнале дрвен христијански манадтир Свети Климент”, кажуваат христијанските записничари. Тиа тврдат дека Христос го послуѓал гласот на Богородица и ја дарувал Света Гора за нејзина градина на побожноста и молитвата, во која веднаш дошле монаси, од пустината кои живееле во дивината на Атос во малите населени места, без да се грижат за ништо материјално. Местото каде што стапнала Мајката Божја на толото на Света Гора, денес означува капела, крај со високи средновековни одбрамбени кули, по кој патот води до ѕидината на манастирот Ивер, чиј влез потсетува на влез во античка палата.
Историчарите додаваат дека арапските пирати , кои од раниот среден век ги завземале природните градови на Халкидики, веројатно довеле до егзодус на цивилното население на Атос и преостанал само мал број на испосници во пустината. Нив морските разбојници не ги допирале, бидејќи тие биле сиромашни и можел да им се одземе само животот. Такви испосници има и денес во длабоките камени и непристапни Светогорски пустини, познати и како Каруља, а со право се нарекуваат и невидливи, затоа што живеат во пештери и не сакаат никаков контакт со надворешниот свет.
Науката кажува дека од 7-от век постојат пишани траги од Свети Петар Атонски и Евтимиј Солунски, подвижници на Света Гора , кое тогаш постанува прибежиште за монасите бегалци. Мноштвото испосници од Египет, Сирија и Мала Азија, избегале од исламските напаѓачи , а како идеално место ја пронашле Светагорската пустина во подножјето на врвот Атос. Потоа следувал бран на бегалци “политички неподобни”монаси, од Римското царство, кои масовно стигнувале во 8 и 9 век носејќи ги “светите лица” икони. Имено во тоа време иконоборските цареви има забранувале почитување на светите слики и ги уништувале, а бранителите на иконите, на недостапни места ги сокривале иконите.
Од тоа време потекнуваат бројните легенди за чудесните фрески и икони на Богородица, кој го поседува секој светогорски манастир. Меѓу нив е и приказната за Олтарот на Пресвета Богородица, од големиот манастир Ватопеда, каде монасите до подигнувањето на Хиландер, живееле Стефан Немања и Свети Сава.
Според преданието, за време на нападите на арапските пирати на Ватопед, еден калуѓер ја спуштил иконата во бунарот на олтарот на црквата и оставил запалена свеќа покрај неа, а скривницата ја покрил со камена плоча. Бидејќи арапите до темел го разурнале и ограбиле манастирот, несреќниот монах го продале во ропство.
“Заробениот монах после 70-годишното ропство се ослободува и доаѓа во манастирот. Ја раскажува на игуменот својата приказна и му кажува дека во бунарот сокрил икона, кој се наоѓа во олатрот. Игуменот веднаш оди со него во црквата. Го отвораат бунарот и за чудо, иконата стори исправена и свеќата пред неа гори”, се вели во преданието.
Во нартексот на Ватопеда се наоѓа еден од најпознатите живописи на Атос, чудотворната фреска на Богородица, која потсетува дека пред Бога сите луѓе се еднакви и дека законот важи и за царевите. Според преданието, Плакидија, ќерката на Теодосиј, дошла на Света Гора, и покрај забраната за пристап на жените, а монасите биле во страв од световна власт, свечено ја дочекале и ја повеле во црквата.
“Царицата влезе низ малата врата од левата страна во храмот. Наеднаш се слушна глас од оваа икона: “Застани! Не оди понатака ќе настрадаш”. Царицата од страв паднала и низ солзи се молела на Бога да и биде опростено”, се вели во ватопедското предание. Борбата против иконата траела до Вселенскиот собор во 9-от век, кога е потврдено древното учење на црквата за светоста на ракотворената слика која ја направија луѓето од Бога.
Тогаш римскиот цар Василије Први издал указ во 885 година, според кој Атос припаѓа исклучиво на монасите. Се до 11-от век присуството на пастирот Влах на Атос сеуште било толерирано, а потоа вселенскиот патријарх препорачал присуството строго да се забрани.
Српскиот Хиландер е единствен помеѓу светогорските манастири, бидејќи Биожјата Мајка во 14 –от век се јавила низ иконата на Богородица Трирачица. Иконата од тогаш се наоѓа на игуменскиот престол, а земскиот игумен стои на тронот од нејзината десна страна, како застапник на Божјата Мајка. Српската царска Лавра е единствена по тоа што Божјата Мајка, според легендата допуштила на Душан Силниот на Хиландер да ја доведе својата жена Јелена. Српската царица која била болна , била донесена на специјални носила со што законот бил прекршен. Во знак на благодарност таа постанала голем ктитор на Хиландер а ја обновила и ќелијата во скрипториумот на Света Гора.
Записите тврдат дека Трирачица носена пред српската војска , донесувала победи се додека не се уништило Душановото царство. Монасите ја внеле во олтарот , а утрото ја нашле на идуменскиот престол. Бидејќи тоа се повторило неколку пати , Богородица се обратила на калуѓерите “Не дојдов за вие мене да ме чувате, туку јас да ве чувам вас”.
Неверојатен настан што се случил на Света Гора
Млад Грк што живее во Америка некаде околу 2008-2009 година ја посетил Света Гора (Атос). Неговата желба била да се искачи на самиот врв Атос, а кога се искачил таму видел една црквичка. Сакал да влезе внатре, но вратите биле цврсто затворени. Од внатре се слушало пеење, па си помислил дека во тек е служба, а пеењето било толку неверојатно и толку го опивало младиот Грк што го земал телефонот и почнал да снима.
Хорот пеел херувимска песна, и звучело како внатре да има стотина гласови. Го слушал занесно убавото пеење и стоел пред црквата, додека околу него на самиот врв започнал да дува силен ветер. Кога пеењето завршило, Гркот повторно се обидел да влезе, но вратата повторно биле затворени, а тогаш од непознат правец до него стигнал еден монах и го прашал што прави.
Момчето му одговорило дека внатре е служба и дека слушнало преубаво хорско пеење но дека не можел да влезе. Тогаш старецот со чудење го погледнал и му кажал дека внатре не се служи служба освен кога е слава на таа црквичка и дека никогаш не е заклучена. Тој ја турнал вратата и таа се отворила, а внатре немало никој.
Младиот Грк гледал запрепастено во црквата, а потоа на старецот му ја пуштил снимката од хорот што добирал од внатрешноста на црквата.
Старецот се насмеал и му кажал дека со божја благослов успеал да го сними ангелскиот хор како пее и служи литургија во празна црква.
Слава му на Бога!