Вечерта пред немилиот настан, Тоше беше кај Весна Бејби – денес таа со емотивен статус се потсетува на тој ден

0

Поминаа единаесет години како почина македонската музичка и најголема легенда Тоше Проески. Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

По неговото заминување од овој свет тој остави огромна „Соба за тага“ кај нас. Тоше ни остави вечно да ја пееме „Игри без граници“, а сега и кога е далеку „1200 милји“ од нас и по единаесет години чувствуваме „Громови на душа“.

Сите ја сакавме неговата насмевка, а на овој ден пред единаесет години кога ни беше соопштено дека починал Тоше, многумина си помислија „Излажи ме уште еднаш“.

И ден денес многу негови фанови и љубители на неговата музика тагуваат по ангелскиот глас на пејачот. И по 11 години сите ги пејат неговите песни од прв до последен стих, а неговите песни не враќаат во некои убави времиња или ни будат спомени.

Неговите колеги кои имаа чест да го познаваат немаат лоши зборови за Проески, тој им беше пример како се сака, како се гради музичка кариера, како се пее од душа, беше музички амбасадор. И кај неговите колеги по 11 години не стивнува болката, недостига неговиот глас за да запејат на сцена, недостига неговата насмевка…недостига…

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска се потсети на овој ден, па на својот Фејсбук сподели фотографија со Тоше, а во описот му посвети емотивна порака:

Претходна статијаДетална временска прогноза за наредните денови – бидете подготвени за среда
Следна статијаСашо Ордановски: Заев, а да престанеш да не понижуваш повеќе