Сашо Ордановски: Заев, а да престанеш да не понижуваш повеќе

0

Пишува: Сашо Орданоски за Цивил

Станува по малку заморно, а и мачно, да се гледа напорот на Заев да обезбеди десетина опозициски пратеници за да ја спаси евроатлантската иднина на Македонија.

Се плашам дека тој труд ќе стане и политички контрапродуктивен: им се постила пред нозе на една, во суштина, бандитска структура на обвинети, но сè уште неосудени криминалци за тешки и најтешки кривични дела од десетина поглавја на Кривичниот закон, дозволувајќи им тие од неговите ракави да си го избришат секретот од нивните носеви (знаете на што мислам, нели) и уште да му порачаат од партиски говорници и од домашни притвори дека не е доволно што им се натртил, туку би било добро и малце повеќе лубрикант да стави, за кога ќе му го… И така натаму.

Би било пристојно од Заев да престане да го понижува големото мнозинство граѓани во Македонија кои му дадоа изборна поддршка на неговата сегашна владејачка коалиција, но на кои правната држава им е поважна од љубеното НАТО.

Да, тоа е ставот што може да се прочита во кое било истражување на јавното мислење во Македонија во последните неколку години во врска со угледот на локалниве институции: „Дајте правда!“, врескаат податоците за дветретинска поддршка на СЈО, рејтинг за кој, со комбинирани и акумулирани скорови, Заев, Мицкоски, Ахмети, Иванов и Груевски можат да сонуваат до крајот на своите политички кариери, иако на некои тие им се бројат во месеци.

Целата колумна прочитајте ја на Цивил

Претходна статијаВечерта пред немилиот настан, Тоше беше кај Весна Бејби – денес таа со емотивен статус се потсетува на тој ден
Следна статијаПознатиот македонски музичар по двете операции ја моли државата за помош