Подгответе се: она што ќе се случува вечерва – веројатно се случува за последен пат во државата

0

Зимското сметање на времето почнува ноќеска, помеѓу 27 и 28 октомври 2018 година. Во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското. Часовниците треба да ги преместите еден саат назад. Така во 3:00 часот ќе биде 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.

Првото менување на сметањето на времете во Франција се случи во 1916 година и беше укинато по излезот од Втората светска војна. Повторното воведување на зимско и летно време беше воведено на 28 март 1976 година и во Европа и во тогашна Југославија.

Промената на времето стапи на сила и во екс Југославија во 1976 година, и три години по нафтената криза од 1973 година. Во тоа време јавното и приватно осветлување се правеше со сијалици кои “голтаа” многу енергија. Но со текот на времето и ние и властите преминавме на многу поштедливо осветлување како ЛЕД сијалици, апарати кои сами се гасат кога не се во употреба а сијалиците со жички полека исчезнуваат од употреба. Сепак, преминувањето на зимско и летно време остана на сила.

Така ова менување на часовникот е во постојана дебата. Европската комисија организираше година народна консултација со повеќе од милион граѓани на ЕУ. Заклучокот е дека граѓаните сакаат да биде укинато ова преместување на стрелките на часовникот. Иако во последните години не може да се зборува за поместување на стрелки бидејќи најголемиот број часовници и апарати сега тоа автоматски го прават.

Така и Европскиот парламент се согласи дека треба да се прекине со зимско и летно време но конечната одлука се уште не е донесена. ЕУ би сакала одлуката да биде донесена во сите земји членки но и сите земји кандидати и цела Европа.

Одлуката најверојатно ќе биде донесена откако и сите 28 земји членки со неа се согласат. Можно е денешното менување на времето да биде претпоследно. Последното би било во март 2019 година и би останале преку цела година на летно сметање на времето.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Извор: НОВА ТВ

Претходна статијаДенес е тежок празник: Се случуваат чуда, но не го заборавајте ова
Следна статијаИнтерпол со голема благодарност до МВР – во Македонија приведен криминалец од висок круг